,,Треба да се оправда раѓањето и да се заслужи смртта“-Милица Стојанова на својот 88 роденден

Македонската глумица, легендарната Милица Стојанова денеска наполни 88 години. Таа на својот роденден ја испрати следната порака:

,,Разни нешта беа и минаа за овие 88 години… И радосни и тажни… Не беше секогаш лесно, ама секогаш беше со истрајност и волја… И војна и рушење и мир и градење… Треба да се оправда раѓањето и да се заслужи смртта…

Да бидеме сите смерни, достоинствени, трпеливи и одговорни во овие не лесни времиња… Имало и потешко од ова… Само трпение и грижа за ближните…“-порача Стојанова.