Трета смена во Скопје: Се асфалтираат, обележуваат и мијат улиците

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, спроведува летна градежна офанзива во Скопје. Голем дел од работите низ сообраќајниците се одвиваат ноќе.

Се работи на асфалтирање на булевар ,,Кочо Рацин“ , пред Црвен крст.

Градежните работи ќе се одвиваат без престан 36 часа, со цел во понеделник наутро крстосницата целосно да е проодна и сообраќајот да се одвива без застој во центарот на нашиот град.

Реконструкцијата на целиот булевар, ќе заврши во текот на наредната недела. Мостот Гоце Делчев целосно се завршува викендов. Во текот на понеделник се очекува непречено одвивање на сообраќајот на тој дел од градот, објави градоначалникот Шилегов.

Тој информираше за бројни реконструкции на улици и сообраќајници, ноќно обележување на готовите и миење на улиците.

Ноќе се изведуваат и работите на новата канализациска мрежа во Шуто Оризари.