Трипуновски од ВМРО ДПМНЕ врши мобинг и неовластено ги снима вработените во подрачните единици

Дополнителниот заменик министер за земјоделство во техничката влада од ВМРО ДПМНЕ, Цветан Трипуновски, денеска неовластено со камера влегуваше по канцелариите на Министерството за земјоделство за да провери дали работат вработените.

Тој во подрачната единица во Берово, со човек со вклучена камера на мобилен телефон зад него, ги контролираше на нивните работни места.

Д

За телевизија ТВ21, од Дирекцијата за заштита на личните податоци велат дека ова е неовластено снимање и своевиден мобинг.

Дополнителниот заменик министер Трипуновски можел да снима, доколку намерата му била да види дали се почитуваат работните оврски, но не смеел да ги покажува лицата на луѓето кои се вработени таму, а потоа видеото да го дистрибуира до медиумите и на неговата фејсбук страница. Од таму велат дека постапката може да се окарактеризира како неовластено снимање, па дури и мобинг.

Функционерите на ВМРО ДПМНЕ во техничката влада се фокусирани на дискредитација на функционерите на СДСМ и сите активности се насочени кон тоа.

На ФБ страницата на ВМРО ДПМНЕ се постираат секојдневно информации во кои се наведуваат наводни пропусти на нивните колеги од противничката партија.

АКО.мк