Три години затвор за третообвинетиот во ,,Рекет“ Зоран Милески

Зоран Милески доби три години затвор.Тој беше третообвинет во судскиот процес познат под името ,,Рекет“.

Осуден е за дело ,,Противправно примање нагарада за влијание“, а беше обвинет дека заедно со Бојан Јовановски зеле пари од Орце Камчев за да влијаат кај поранешната обвинителка Катица Јанева за олеснителни околности во судските процеси што ги водеше СЈО против Камчев.

На предлог на обвинителката Вилма Русковска на Милески му е продолжен куќниот притвор.