Три и пол илјади лајкови за Апасиев затоа што ја отера Шекеринска во п.м.

Новиот пратеник од Левица, Димитар Апасиев, кој е инаку професор на Универзитетот во Штип, продолжува да ги воодушевува своите приврзаници со вулгарниот и непримерен речник, и да ги згрозува останатите.

Денеска, не знаеме од што предизвикан, на својот ФБ профил напиша:

,,Се моли ШЕЌЕРИНСКА да иде у пичку матер. Од Карпалак, па лево!#МинистеркатаЗаОдбранаНаУЧК“-напиша тој на социјалната мрежа и доби три и пол илјади лајкови, срценца и гушкања.

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, денеска на својот ФБ профил им оддаде почит на загинатите припадници на резервниот состав на АРМ кај Карпалак во 2001 и постави фотографии од положувањето цвеќе и венци на местото на нивното убиство.