Навивачите на Јунајтед се во еуфорија по синоќешниот пласман во четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Јунајтед со историски пресврт дојде меѓу осумтте најдобри во ЛШ, легендата на овој клуб, Сер Алекс Фергусон го следеше натпреварот во Париз, победата ја прослави заедно со Ерик Кантона и Оле Гунар Солскјер.

Поранешниот менаџер на Јунајтед , Сер Алекс Фергусон, дава силна поддршка за Солскјер да ја продолжи работата и следната сезона, фотографијата од вчера говори дека актуелниот менаџер е на добар пат од В.Д. да стане постојан менаџер на клупата на „ѓаволите“.