Три повеќемилионски градови во Кина се во карантин поради заразниот коронавирус

По изолираниот град Вухану во кој почна се’, од денеска кинеските власти забранија влез и излез уште во два града во кои живеат блиску 12 милиони жители.

Коронавирусот најверојатно е раширен од локален пазар во градот Вухану каде веќ 26 луѓе починаа, а стотици се заразени.

Коронавирусот се пренесува од птици на луѓе, а ги напаѓа респираторните органи.

Во градовите во кои е прогласен карантин, престанува железничкиот и автобускиот сообраќај и никој нема право да влезе и излезе додека траат мерките.

Први сомнителни случаи во Европа се регистрирани во Шкотска, каде на аеродромот се регистрирани симптоми кај неколку лица кои допатувале токму од заразениот град во Кина.

Србија од балканските земји најподготвено го дочекува евентуалното појавување на овој опасен вирус.

Македонските здравствени власти досега не се огласија со какви мерки ќе настапат.

Светската здравствена организација препорача да не се патува во Кина, но сметаат дека е рано да се прогласи меѓународна епидемија.