Три тела пронајдени во септичка јама во Сурчин

Во текот на изминатата ноќ по пријава на граѓани, полицијата откри три тела во септичка јама во Сурчин, населба во Белград.

Сѐ уште не се знае официјално идентитетот на жртвите и причината за нивната смрт, но Новости објавија дека најверојатно се работи за тројно убиство.

Според неофицијални информации, во септичката јама се пронајдени телата на три лица пријавени пред 8 дена дека се исчезнати.

Полицијата се сомнева дека 25 годишниот Драгослав Јовановиќ ги убил 42 годишниот Неѓо Ш. неговите мајка и тетка , а потоа ги фрлил во септичката јама. Според првичните наоди тој пред да ги убие се изживувал врз нив и ги малтретирал.

Исчезнувањето на трите лица во полицијата ги пријавил таткото на убиецот, кој изјавил дека се сомнева дека се убиени од неговиот син.

Инаку , таткото на Драгослав Јовановиќ, Љубомир Јовановиќ, познат во Сурчин под прекарот Стаклен, има богато полициско криминално досие.

Сега убиниот Неѓо бил негов деловен партнер.

Драгослав Јовановиќ на 10 јуни, после тројното убиство неколку дена претходно, пукаше во својата сопруга и ја погоди со три куршуми во градите, а потоа си пукаше во главата.

Почина по три дена, а неговата сопруга сѐ уште се опоравува од обидот за убиство врз неа.

Трагедијата се случила во период на нивен развод, а Драгослав се обидел да ја убие Теодора додека нивната неколкумесечна ќеркичка спиела во детска количка.

Тој ја повикал својата сопруга да дојде во паркот за да разговараат, но само после беколку моменти го извадил пиштолот и пукал во неа.

(Фото илустрација Новости, на малата фотографија е 25 годишниот Драгослав Јовановиќ)