Три фудбалери и 1 член на италијанскиот ФК Пианезе се заразени од корона вирус

Фудбалскиот клуб Пианесе (Pianese) од третата фудбалска лига, серија Ц во Италија, соопшти дека тројца фудбалери и еден претставник на клубот се позитивни на тестот за Ковид 19 или корона вирус.

Сите играчи и вработени на стручниот тим на Пианезе се во 15 дневен карантин, соопшти управата на клубот.

Во Италија има епидемија на вирусот Ковид 19. Досега се заразени 889 лица, 21 починаа, 46 лица се сметаат за излечени.