Наредени мотори на сред коловоз од улицата во новата населба во битолската Касарна, подготвени за старт на трката. Фотографијата е направена вчера(12.04.2018) во 17 часот, а станарите од околните згради велат дека немаат мир од буката  што се создава, но стравуваат за својата и за безбедноста на нивните деца.

-Трките се случуваат на новозиградената улица од потегот кај градскиот стадион до студентскиот дом. Не само што постојано  сме изложени на неиздржлива бука што ја создаваат моторите, туку ова е навистина опасно, затоа што се случува во населено место, каде минуваат возила, велоспидисти, пешаци, а посебно е опасно за децата, вели еден станар.

Претходно, жителите секојдневно биле вознемирувани од автомобили кои чкрипеле со гумите вртејќи во круг на ова место.

-Ова со моторите е нова мода, откако по пријава спречивме неподнослива бука, но и опасно вртење на автомобилите во круг, за да остават траги на среде улица кои се уште се видливи, велат станарите.

Случајот го пријавле во сообраќајната полиција, од каде им рекле дека веднаш ќе интервенираат, пишува порталот Апла.мк.

Извор:    Апла.мк