Тројниот убиец добива масовна поддршка во Хрватска на социјалните мрежи

Хрватска деновиве се соочува со една бизарна и несекојдневна ситуација.

Тројниот убиец, 25 годишниот Филип Завадлав добива масовна поддршка на социјалните мрежи, а се формираат групи за поддршка и барање тој да се ослободи од одговорност, иако со калашњиков уби тројца луѓе сред улица во Сплит.

,,Убиени се Марино Ожиќ Паиќ, Марин Бобан и Јурица Торлак, убиец е Филип Завадлав, а восхитеени се илјадници коментатори на социјалните мрежи“-пишува хрватскиот портал Индекс.хр.

Ваква ерупција на воодушевеност од масовен убиец не е видена од деведесетите години. Завадлав од анонимно момче, познат само на полицијата и судските органи, стана ѕвезда на интернетските очајници, желни за лесни решенија на тешки проблеми, се додава во текстот на овој портал.

,,Се слави неговата ,,храброст“, па неговата ,,одлучност“ да ја земе правдата во свои раце, па се формираат групи за негова поддршка…“, пишува index.hr.

Фејсбук групата ,,Правда за Филип“, која беше направена како подршка за тројниот убие, за кусо време собра 15.000 следбеници, вчера била укината, а веќе нова денеска собра над 12.000 лајкови.

Завадлав во саботата изврши масовно убисто и ликвидира тројца припадници на криминални групи во Сплит, кои подолг период го малтретирале неговиот брат, но и семејството.

Тој шеташе со оружје низ градот и предизвика страв и паника меѓу случајните минувачи.

Извор: индекс.хр