Како што јавуваат медиумите од Хрватска, тројца хулигани се приведени утринава по нападот на четворица ватерополисти на Црвена Звезда во Сплит.

Полицијата потврди дека се трага по уште двајца напаѓачи кои во организирана акција ги нападнаа ватерполистите на Црвена Звезда .

По дојавата дека се нападнати четворица странски државјани, тројца од Србија и еден од Црна Гора, превзедовме низа активности за откривање на напаѓачите утврдување на нивниот идентитет, ги пронајдовме и ги притворивме. За понатамошниот тек на истрагата, односно до конечно разрешување на ситуацијата детално ќе ја известиме јавноста – стои во соопштението на полицијата од Сплит.

Ватерполистите на Црвена Звезда требаше да се сретнат со Морнар но поради инцидентот натпреварот беше одложен.