Трпкова: Лесно се живее овде сѐ уште со ква, ква и гра, гра

Синоличка Трпкова, професор на ФДУ и актерка, пред некој ден даде поддршка на членовите на Културно Ехо, кои на Отворен ден во Владата ја изложија својата идеја напуштената фабрика ,,Купром“ да се претвори во студентски град.

Таа праша зошто олку интелигентна, визионерска и креативна идеја на ,,Културно ехо”, која покажува дека имаме сѐ уште млади луѓе кои гледаат можности за иднина во земјава, не би можел да е возможен, и самата одговори-освен заради вообичаените причини, – мрза, алчност и негрижа за иднината.

Денеска Трпкова дополнува:

,, Никако да се отвори простор за луѓе што вистински сакаат да се ангажираат, да создаваат, да работат, да придонесуваат, да менуваат. Таквите се, не само од политиката туку и од обичните луѓе, на секој начин замолчувани и шиканирани. Никој не ги сака. Никој не сака суштинска, коренита промена. Никој не сака да го мрдне задникот и да ја ризикува “комфорноста” за промена, зашто се плаши од неа и зашто е мрзелив. Пари секако си стигаат. Сите се на боска на институција или фондација за да држат придики за тоа што смее, а што не! Никој во суштина ниту е платен, ниту го интересира да засука ракави и да брцне во калта. Лесно се живее овде, сѐ уште, со ква,ква,ква и гра,гра,гра. Вината е секогаш кај другиот. Тоа се случува и глобално, но најмногу во пост-социјалистичките земји“-вели Синоличка Трпкова.

На Отворениот ден во Влада младите од Културно ехо го претставија својот проект за ,,Купром“, чија парцела е вметната веќе во плановите како градежна. Наместо станови, предлагаат студентски дом.

,, Бидејќи не сакаме ова да се случи (изградба на станови), ние предлагаме далеку понадежна и понапредна варијанта, а тоа е следното: најпрво, да се стави мораториум на парцелата, фабриката да се заштити како културно-индустриско наследство, за потоа извонредната градба на фабриката „Купром“ целосно да се обнови во студентски град, опремен со соби за состаноци, соби за предавања, читални, сала со бина, сала за јога и фитнес рекреација, работилници со производствени машини и сквер на занаетчии, соби за престој на млади од другите градови на Македонија и од странство, и буквално сè друго што им недостига на младите (и на сите други генерации), а им е потребно на ниво на град. Пред сè, овој студентски град ќе има за цел да делува во насока на промоција на мултикултурниот карактер на Македонија. Токму оваа улога може да ја исполнува спасениот Купром. Секој што се грижи по ова прашање веќе има забележано дека освен на зелените пазари, луѓето од различните етнички, јазични и верски заедници речиси и да немаат интеракција едни со други. Да им дадеме слободен простор на младите од сите етнички заедници, а да претставуваат сврзно ткивно кое ќе ги унапредува односите помеѓу сите етнички заедници“-велат младите од Културно ехо.

Тие во владата го презентираа својот план и идеја: