Трудова инспекција направи увид во Кривичен суд

Основен суд Скопје 1-Скопје извести дека по пријава на судскиот службеник Г.С. во Основниот суд Скопје 1 – Скопје, инспектори од Трудова инспекција направиле увид во фактичјката состојба на распоред на вработениот кој пријавил дека е распореден на звање пониско од звањето на кое бил првично распореден.

Горан Стаменковски кој учествуваше во инцидентот пред два дена со портпаролката на судот ја повикал по ова трудовата инспекција, а судот извести дека тие ги дале на увид сите документи што ги побарала трудовата инспекција.

Во соопштението се вели :

,,На инспекторите од Трудовата инспекција им е презентирано целокупното досие на вработениот кој од службеник во судот вработен со средно образование, од 01.12.2015 година е унапреден и му е признаено високото оразование кое го имал и на оглас е избран за раководител на одделението за човечки ресури за кое одделение имало потреба да се формира во судот.

Воедно на инспекторите им е појаснето дека, од неговото унапредување до денес, иако е поставен на раководно место каде требало да презема активности од аспект на менаџирање на човековите ресурси во судот, досега ниту има изготвено план и програма ниту акциски план за работа ниту на било каков начин како раководен службеник презел активности за функционалност на ова одделение, кое за потребите на 400 вработени во судот, за правпат е формирано со неговото унапредување.

Образложено е дека истиот за изминатиот период нема сработено никаква активност во функција на платата што ја добивал како раководител и за истото нема поднесено никаков извештај до судскиот администратор како непосредно раководен службеник заради што на истиот од неодамна му е дадено задолжение да работи во друго одделени во согласност со член 60 и член 61 од Законот за судски службеници без притоа да има влијание на работата за која е избран и брз платата која ја прима како раководител на одделение.

Особено е важно да се напомене дека наведениот вработен за платата која ја прима како раководител во судот од неговото унапредување и дадените нови задолженија, во текот на изминатата година нема сработено ниту една работна задача се до завчерашниот настан во судот кога истиот влиjaeше на нарушување на меѓучовечките односи, заради што е поведена и дисциплинска постапка, за потешка повреда на работа што не ја исклучува кривичната одговорност за настанот.

ВО ОДНОС НА ПРАШАЊАТА ЗА ОБЈАВЕНОТО ПИСМО ОД ГРУПА НА СУДСКИ СЛУЖБЕНИЦИ, информираме дека се работи за судски соработници распоредени во одделението за извршување санкции каде од 11 потпишани соработници 6 работеле во ова одделение подолго време наназад, а бидејќи од октомври месец 2016 година во тек е спроведување на акција за решавање на предмети од Одделението за извршување санкции на овој суд заради зголемен прилив и вкупен број од 25.000 нерешени предмети, во истото одделениe, согласно систематизација начзначени се и дополнителни соработници. Ваквите акции се редовна процедура во судот а со цел ефикасно и навремено решавање на предметите и совладување на приливот што подоцна се цени во годишниот извештај за работа.

Со оглед да како што наведовме погоре 6 од 11 потишани соработници од поодамна работеле во ова одделение, каде уште од 16.10.2015 година нормата од 300 решени предмети по службеник е зголемена на 400 решени предмети имајќи го предвид тековниот обем на решени предмети и дополнителен прилив. Истите видно од месечниот извештај за работа по службеник до сега неспорно ја остварувале зададената норма.

Од потпишаните соработници, во текот на вчерашниот ден, откако си ги виделе своите имиња на јавно објавената претставка од група на судски соработници, четворица од нив се оградиле од содржината на истата бидејќи не биле запознаени со истата пред да ја потпишат, а индикативно е што нормата утврдена пред една година, сега откако судскиот службеник Г.С. е распореден во овa одделение, станала спорна.

За сите ифнромации поврзани со претставката како и целокупната процедура за зголемување на нормата уште од минатата година, кога немало никакви забелешки, и назначувањето на нови соработници во одделението заради ефикасно решавање на предметите од извршување санкции, е презентирана пред Трудовата инспекција, која во понеделникот исто така беше присутна во судот постапувајќи по анинимна пријава доставена до инспекторатот за труд преку министерката Фросина Ременски под бр. 08-7768/2 од 01.11.2016 година ИП 09/683,, -стои во соопштението на судот.