Утрово прво слетување по неколкумесечен застој поради Ковид 19, направи авионот на ,,Туркиш Ерлајнс“, кој од Истанбул во Скопје донесе 104 патници.

,,Го пречекавме со авијацискиот поздрав за ,,добредојде“ – воден мост во форма на виножито“-информираа од скопскиот аеродром.

Веднаш по него (7:56h) слета и авионот на Пегасус Ерлајнс, исто така од Истанбул, кој во Скопје донесе 125 патници.

На првиот ден од реотворањето, 1 јули 2020 година, на Меѓународниот Аеродром Скопје се очекуваат 28 лета, со вкупно 1.700 патници.