Турската полиција објави фотографија од напаѓачот во ноќниот клуб

Турската полиција верува дека го лоцирала напаѓачот во ноќниот клуб во Истанбул , кој уби 39, а рани над 60 лица главно странски државјани.

Тој е снимен со камерите од аеродромската служба за безбедност, при пасошка контрола.

Хаотичните информации во текот на денот дека бил еден, па двајца терористи облечени како дедомразовци, на крајот од денот беа демантирани. Се работи за еден напаѓач припадник на Исламска држава, а бил облечен  во црно.