Турските пратеници се истепаа во Парламент расправајќи за измени на Уставот

Во турскиот Парламент минатата ноќ дојде до тепачка меѓу пратеници на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) и на опозициската Републиканска народна партија (ЦХП), во текот на гласањето околу предложените уставни реформи со кои треба да се зголемат овластувањата на Претседателот на државата.

Пред тепачката пратениците на ЦХП ги обвиниле пратениците од АКП дека гласаат надвор од кабините за тајно гласање со што го кршат Деловникот, а до инцидентот дошло кога претставници на владејачката партија се обиделе да му го одземат телефонот на еден опозициски пратеници кој го снимал гласањето.