Турција ги врати мигрантите од грчката граница и ги смести во карантин

Турската Влада денеска со повеќе автобуси ги повлече мигрантите од грчката граница на кои претходно им помогна да дојдат тука и да вршат притисок во време на светска пандемија од коронаврус да влезат на европска почва.

Сега Турција ги врати во државните сместувачки капацитети и ги стави во карантин, известува Анадолија.

Околу 2.000 мигранти беа стационирани на грчката граница и не се знае дали некој од нив е заразен со коронавирус.

Грција го поздрави овој чекор, а Владата ги пофали безбедносните сили кои деноноќно ја штитеа грчката, а со тоа и европската граница.