Турција ги отвора границите за бегалците од Сирија кон Европа

Турција одлучи да не ги спречува бегалците кои доаѓаат од Сирија на патот кон европските земји.

Ова го објави висок турски офицер за турските медиуми.

Ваквата одлука следува по офанзивата на Башар ел Асад против опозициските сили во регионот Идлиб и загинувањето на 33 турски војници.

Како што пренесува Ројтерс, турските граничари, полицијата и крајбрежната стража добиле наредба да не ги спречуваат бегалците на патот кон Европа.

Доколку се спроведе во целост оваа одлука, се заканува нова бегалска криза и наплив на неколку милиони бегалци кон Европа.

Една група од 300 бегалци, жени деца, Сиријци, Ирачани Иранци се упатени кон границата со Грција.

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган свика состанок на Советот за безбедност, на кој ќе бидат донесени најновите мерки на турската држава во врска со ситуацијата во Сирија и напливот на бегалци.