Владата на РСМ информираше дека на својата последна седница го утврдила текстот на договорот меѓу Република Северна Македонија и Република Турција за донација на медицинска опрема и средства наменета за здравствениот сектор која се состои од 50.000 парчиња заштитни медицински маски, 1000 заштитни скафандери и 1000 дијагностички тестови.

Во нашата земја досега пристигна помош од повеќе земји во вид на медицински материјал, но и средства наменети за оваа намена.

Министерот Филипче објави дека наскоро ќе се направи преглед на секоја донација и на донаторрите.