Турција на распаќе-Турците утре гласаат за диктатура или за демократија

На 16 април се одржува референдум во Турција на кој граѓаните на оваа 80 милионска земја ќе одлучуваат дали ќе му ги зголемат уставните овластувања на актуелниот Претседател Реџеп Таип Ердоган или пак ќе му кажат НЕ на неговите незаситни апетити за власт.

Ердоган и сега спроведува класична автократија суспендирајќи ги сите останати полуги на власта, посебно откако се случи неуспешниот обид за негово насилно симнување од власт.

Предложените промени за кои граѓаните треба да се изјаснат на референдумот се состојат од 18 измени на Уставот меѓу кои најважната е да му даде поголема, поточна неограничена моќ на Претседателот на државата со што Ердоган си отвора пат да владее непречено до 2028 година, а да се случи тоа со уставните промени се предлага да се укине функцијата Премиер.

Стотици  илјади луѓе во текот на кампањата предводена од Ердоган излегоа да му дадат поддршка, а беа организирани едни од најголемите митинзи воопшто досега. Султанот, како што веќе го нарекуваат неговите противници , им порача на своите поддржувачи да кажат ДА за да имаат Голема Турција.

Секојдневно се водат кампањи и од двете страни, а поддржувачите на промените на Уставот имаат и негативни пораки до секуларистите , како и пораки за отстапување од патеката на таткото на модерна Турција Кемал Ататурк.

   

Радикалните групи кои излегоа масовно на површина на политичката сцена во Турција за време на неуспешниот обид за симнување од власт на Ердоган, уште минатото лето упатуваа смртни закани за секуларистите и пораки дека нема место за нив во Турција:

Кампањата за референдумот не беше ни фер ниту слободна. Владата користела државни пари, биле заплашувани граѓанските организации и медиумите воопшто не биле балансирани. Напротив, тие беа пристрасни кон Ердоган и цензорски расположени кон неговите противници, кои водеа модерна кампања за модерна Турција:

Утрешниот референдум не претставува голем тест само за Турција, дали таа ќе продолжи по патот на режимската власт на Реџеп Таип Ердоган или ќе се обиде да се  врати и да опстои на патот на модерна Турција , трасиран од Кемал Ататурк.

АКО.мк