Турција ќе учествува во операцијата за Мосул

Турција и меѓународната коалиција заедно ќе го чистат ирачкиот град Мосул од исламисти. Овој договор е постигнат вчера, како што јавува ТАСС, Турција ќе учествува со военото воздухопловство и ќе делува од воздух.

Со ова и Турција како соседна земја станува дел од меѓународната коалиција за ослободување на Мосул. Турскиот премиер пред два дена реагираше дека е невозможно тие да не бидат дел од воените операции, бидејќи како соседна земја низ чии граници ќе има наплив на бегалци и џихадисти, мора да има целосна контрола на се што се случува на теренот.

Во Мосул, втор по големина град во Ирак, како едно од главните упоришта на џихадистите, во тек е голема операција на ирачката војска, поддржани од курдски борци.