Туск: Од Скопје ги повикувам лидерите на ЕУ-завршете си ја вашата работа, Северна Македонија ја заврши својата

Претседателот на Европска комисија, на крајот од својот мандат ја посети Северна Македонија, за да направи последна проверка за сработеното пред октомвриската одлука на земјите членки на ЕУ за отворање на преговрите со нашата земја.

,,Скопје е најдоброто место од каде може да ги повикам земјите членки на ЕУ-ЗАВРШТЕ СИ ЈА ВАШАТА РАБОТА, Северна Македонија ја заврши својата“.

На овој начин Претседателот на ЕК во заминување, го искажа својот став за подготвеноста на Македонија да добие датум за преговори.

На заедничката прес конференција,премиерот Зоран Заев, истакна дека го запознале детално претседателот на Европската комисија за направеното во изминатите две и пол години.

Заев е убеден дека институционалното решение на случајот ,,Рекет“ ќе го покаже институцоналниот капацитет на правната држава и дека ќего положи испитот и пред домашната и пред меѓународната јавност.

Смета дека во октомври нашата земја ќе ја добие заслужената награда на Самитот на земјите членки на ЕУ.