Туск: Пронајдете сами излез за политичката криза и употребете здрав разум

,,На почетокот на март одговорив на Вашето писмо околу можностите за излез од политичката криза. Оваа продолжена криза го забавува напредување на вашата земја  кон ЕУ. На Вас останува да го пронајдете решението за излез од кризата кое ќе се темели на демократските процеси, парламентарната демократија и на здрав разум. Кога ќе го сторите тоа, ние сме тука да ви понудиме помош за реформските процеси кон ЕУ“-рече Доналд Туск по средбата со Иванов.