Томас Тухел смета дека шансите на ПСЖ за успех против Јунајтед на гости се 50-50, тренерот на шампионот на Франција не може да смета на услугите на Кавани и Нејмар и јасно е дека тоа ќе влијае на играта на екипата.

ПСЖ никогаш не се предава, сакаме да постигнеме голови вечерва потенцираше Тухел на прес конферецијата во пресрет на мечот.

Томас Тухел – ПСЖ

„Ние како ПСЖ секогаш играме офанзивно и создаваме шанси, тоа е наш стил на игра. Ќе има и моменти кога ќе бидеме во дефанзива бидејки очекувам агресивен и храбар Јунајтед со многу напаѓачи. Ние дојдовме во Манчестер да постигнеме голови, шансите во овие 180 минути се 50-50, тие се домаќини на првиот меч и не сум многу сигурен дека на нивниот стадион имаме подеднакви шанси за успех“ – изјави Тухел.

Средбата Јунајтед – ПСЖ започнува од 21 часот.