Уапсена сопругата на Франсоа Фион кандидат за Претседател на Франција

Нов политички скандал во Франција. Уапсена е сопругата на Франсоа Фион, еден од претседателските кандидати во Франција.

Кандидатот за Претседател на десницата е во големи проблеми затоа што веќе една недела го тресе скандал. Се води истрага против него и неговото семејство заради наводни фиктивни работни место за неговата сопруга и ќерка, кои Фион им ги обезбедил додека бил на различни функции. Тие се наоѓале на местата собраниски консултанти, но во изминатите 15 години не оделе на работа , а подигнале над 800.000евра плати, пари од буџетот.

И покрај ова , Фион порачува дека нема да се откаже од кандидатурата, иако  потврди дека  добил судска покана за 15 март поради обвинувањето дека на сопругата и децата им обезбедил лажни работни места во Парламентот. Тој ги негира сите обвинувања. Рече дека ќе ја продолжи кампањата за претседателските избори и покрај најновите настани.

– “Нема да попуштам,нема да се предадам,нема да се откажам,ќе се борам до крај “, изјавил Фион. Сопругата на поранешниот француски премиер Пенелопе Фион е во притвор и во тек е претрес на незјзиниот имот. Француското обвинителство одлучи против конзервативниот претседателски кандидат Франсоа Фион да покрене судска истрага заради наводи дека на сопругата и децата им дал лажни работни места во парламентот .