Уапсениот Шефшет Демировски во јули во присуство на државниот врв отвори фабрика за наменско производство во Визбегово

Српската Бебедносно информативна агенција(БИА), го уапси македонскиот државјанин Шефшет Демировски, сопственик на фабриката за наменско производство во Скопје-АТС ГРОУП, во хотел во Белград за време на примопредавање на украдена документација од српската фабрика за наменско производтсво ,,Први Партизан“ од Ужице.

Како што објави српската полиција, македонскиот државјанин е обвинет за поткуп од најмалку 30.000 евра за добивање на воено-техничка документација за машина за производство на муниција и оружје, која ја изнеле од фабриката тројца нејзини вработени, од кои еден пензиониран инженер.

МВР на Србија соопшти дека Шефшет Демировски, за време на апсењето ја давал првата рата од митото, а се претпоставува дека тој на српските државјани требало да им даде уште најмалку толку.

БИА ја објави снимката од неговото апсење.

Шефшет Демировски е сопственик на фабриката за воена техника и оружје АТС ГРОУП од Визбегово која беше отворена во јули годинава и претставена како голем успех за македонската економија и придобивка од идното членство на Македонија во НАТО.

На отворањето присуствуваше половина Влада на чело со премиерот Заев , како и лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Садула Дураки, Радмила Шекеринска, Зоран Заев, Шефшет Демиовски и Али Ахмети на отворањето на АТС ГРОУП

Шефшет Демировски го прошета премиерот Заев и останатите членови на Владата низ новата фабрика.

Премиерот Заев искажа пофални зборови за целиот проект, а тоа го поврза со идното членство на Македонија во НАТО.

„Дозволете ми на самиот почеток да посакам успешна работа на новоотворената фабрика на компанијата АТС Груп која се занимава со производство на композитни производи и производи наменети за опрема на армијата и полицијата во делот на балистичка заштита и балистичка безбедност. Нашата земја со извесното членство во НАТО на крајот од годината се препознава како стабилна и сигурна бизнис дестинација. Оваа нова инвестиција на АТС груп и најавите за неколку други инвестиции на компанијата за коишто разговаравме го потврдуваат овој факт. Економските политики, политичката стабилност и финансиската поддршка што ја овозможуваме за нови инвестиции резултираат со релаксирана бизнис клима и охрабрување на инвеститорите да влегуваат во нови инвестиции“, истакна премиерот Заев.

Министерот за економија, Крешник Бектеши рече дека економските политики што ги спорведува Владата имаат за цел да ги олеснат процесот за влез на новите инвестиции во земјата.

Сопственикот на фабриката, Шефшет Демировски во своето обраќање потенцираше дека со влезот на земјата во НАТО, се отвораат бројни можности и перспекитви за зголемувањето на извозот на компанијата.



Демировски донираше и опрема во вкупна вредност од 50.000 евра за Министерството за внатрешни работи, Управата за финансиска полиција, и Казнено – поправната установа – Скопје од компанијата АТС ГРУП.

Шефшет Демировски

Шефшет Демировски е косопственик на фабрика за оружје во Катар и сопственик на наменска фабрика во Босна и Херцеговина.

АКО.мк-Е.Л.