Уапсени дел од дрвокрадците кои брутално претепаа полицајци

„Околу 20.00 часот на стариот пат село Извор – Прилеп, атар на село Степанци, група граѓани кои вршеле бесправна сеча на огревни дрва ја нападнале полициската патрола од пет полициски службеници од Полициското одделение – Чашка. Досега се приведени 4 лица. Се работи на расчистување на случајот“- се вели во соопштението на СВР Велес по вчерашниот брутален напад врз полициските сили од страна на поголема група дрвокрадци.

Неофицијално, дрвокрадците ги спречиле полициските службеници да ги легитимираат со напад со безбол палки и други тврди предмети, притоа нанесувајќи им тешки телесни повреди на двајца од нив.

Вчера, како што известивме, полицајците се пренесени во болницата во Велес каде им се извршени хируршки интервенции.

Сѐ уште нема информација каква е здравствената состојба на претепаните полицајци.

Е.Л.