Уапсени се 161 мигрант кои се обиделе илегално да влезат од Грција во Македонија

Македонската полиција изминатат ноќ уапси 161 мигрант на македонско-грчката граница, кои се обиделе илегално да влезат на наша територија, пренесува АП.

На нашата јужна граница мигрантите биле откриени од локалната полиција и од припадници на полициски сили на други земји од ЕУ, кои помагаат при контрола на границата.

Мигрантите се изјасниле како државјани на Пакистан, Индија, Бангладеш, Авганистан, Сомалија и Еритреја.

Сите се сместени во прифатниот центар во Гевгелија од каде ќе бидат екстрадирани во своите матични земји.