Уапсени уште 5 лица за обидот за убиство на Зијадин Села во Собрание на 27 април

Основното јавно обвинителство Скопје ја проширува истрагата за нападот врз Зијадин Села, а покрај веќе двајцата приведени, татко и син, уапсени се уште пет лица.

Во врска со постапката што се води во Основното јавно обвинителство Скопје за настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април и нападот врз Зијадин Села, надлежен јавен обвинител донесе Наредба за проширување на истрага за уште 5 лица за сторено кривично дело Убиство во обид сторено во соизвршителство, од чл.123 во врска со чл. 19 и во врска со чл.22 од Кривичниот законик.

Петте лица, по барање на надлежен јавен обвинител се лишени  од слобода при вршење на претрес во нивните домови. Во текот на денот Обвинителството ќе презема дејствија за утврдување на факти и спрема останати лица.​