Уапсени 11 Црногорци во меѓународна акција за шверц на 5 тони кокаин

Дури 11 црногорски државјани ,,паднаа“ во меѓународната акција против шверц на дрога, што се случува изминатите денови.

Како што јавуваат шпанските медиуми, акцијата на меѓународните полициски сили започнала во понеделник кога во водите на Аруба впловил брод пристигнат од пристаништето Гуаранао во Бразил.

Бродот превезувал метален отпад во кој биле скриени 5.000 килограми дрога.

По апсењето на капетанот на бродот, полицијата пронајде 5 тони кокаин.

Уапсена е целата посада и надворешни соработници, а меѓу нив и 11 Црногорци.

Целата акција е спроведена по претходна иницијатива на црногорската полиција која подолго време ги следела нивните државјани, инаку поврзани со озлогласените црногорски мафијашки кланови кои последните години се во меѓусебна војна за превласт на нарко пазарот.

Во полициската акција учествуваат полициите на Велика Британија, Србија, Холандија, но и други земји.

Кокаинот бил наменет за пазарите во Европа.