Српската полиција соопшти дека се уапсени 5 лица осомничени дека на 3 септември влегле во Ѓелезничкиот музеј во Белград и со бренер апарат го исекле на делови музејскиот експонат, познатата локомотива ,,Пула“.

Пет мажи се приведени и ќе одговараат за кривично дело-Тешка кражба.

 

Најстарата локомотива од колекцијата на Железничкиот музеј. направена во далечната 1864 година, потоа е однесена во делови од Железничкиот музеј, а при кражбата се оштетени и други експонати.