Уапсен братот на имамот Фетулах Ѓулен

Турската полиција денес го привела братот на имамот Фетулах Ѓулен, кој се товари за организирање на неуспешниот пуч со цел да се смени претседателот Реџеп Таип Ердоган, пренесуваат турски медиуми.

Кутбетин Ѓулен полицијата го уапсила на основа на дојава во куќа на негов роднина во Газимир во западната провинција Измир, пренесува турска новинска агенција.

Ова е прво апсење на роднини на Ѓулен од почетокот на апсењата после неуспешниот обид за државен удар, пренесува АФП.