Уапсен е висок функционер од ДУИ во Министерство за информатичко општество

По налог на обвинителката за организиран криминал , Вилма Рускоска, утрината е уапсен државниот секретар во Министерството за информатичко општество, Јахи Јахија од Куманово, осомничен за злоупотреба на службената положба и овластувања, земање провизија од добиен тендер и за злоупотреба на европски ИПА фондови, објави порталот Сакам да кажам.

Функционерот е кадар на ДУИ.

Според СДК, во моментов, секторот за организиран криминал и корупција од МВР врши претрес во просториите на МИОА, јавуваат вработени од министерството, од ДИК и од другите министерства што се во објектот.