Уапсен е Владимир Атанасовски, поранешен директор на УБК

Според сѐ уште неофицијални информации, полицијата вечерва го уапсила поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Владимир Атанасовски.

Атанасовски вчера и денеска беше посочен како еден од главните организатори на  насилното упаѓање во Собрание на РМ, на 27 април минатата година, кога беа нападнати повеќе пратеници, а Зијадин Села беше претепан речиси до смрт.

Атанасовски дојде на местото на Љупчо Андоновски, кој го замени Сашо Мијалков откако тој си поднесе оставка.