Уапсен е Сеад Рахиќ, брат на Есад Рахиќ

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во координација со Министерството за внатрешни работи вчера спровеле акција за откривање организирана група што извршувала кривични дела на нелегална трговија со дрога-стои во официјалното соопштение на сајтот на ОЈО. Акцијата е спроведена против криминална група на повеќе локации и во повеќе населени места при што се откриени разни видови наркотици. МВР лиши од слобода повеќе од три лица-се вели во соопштението.

Неофицијално се дознава дека меѓу уапсените е и братот на поранешниот висок функционер и пратеник од СДСМ Есад Рахиќ, Сеад.

Од ОЈО и МВР не сакаат да дадат повеќе информации за што точно се работи се додека не се документира целосно случајот.

Фото: илустрација