Уапсен маж од Бечеј поради закани кон новинарката на Н1 Зана Цимили

Српската полиција го уапси Н.В. од Бечеј роден 1986 година, поради сомнеж и пријава дека ѝ се заканувал на дописничката на Н1 од Приштина, Зана Цимили.

Тој и упатил закани по живот и со навредлива содржина на социјалните мрежи.

Против ова лице ќе биде поднесена кривична пријава за кривичното деело ,,предизвикување на национална , верска и расна омраза, раздор и нетрпеливост“.

На социјалните мрежи тој напишал дека му е животна желба да убие Албанец, дури и албанско дете и дека се надева дека ќе избие нова војна на Косово за да почувствуваат Албанците што е српски гнев.