Уапсен Мароканецот што уби 36 годишен сарајлија

Босанската полиција го уапси мигрантот Хишам Агларас од Мароко, кој завчера уби 36 годишен жител на Сараево, а тешко го рани со нож неговиот брат.

Уапсениот мигрант

Полицијата го пронашла мигрантот како се крие во една од халите на напуштената фабрига Енергоинвест.

Мароканецот е обвинет за убиство на Јасмин Беровиќ од сараевската населба Отес.

Уапсениот завчера во кафуле на еден од браќата направил инцидент со уште неколку мигранти, по што настанала тепачка со присутните во која настрада еден од сопствениците.

Втор ден трајат простестите на граѓаните кои бараат заштита и протерување на мигрантите од Б и Х.