Уапсен напаѓачот на ноќниот клуб во Истанбул

Турските медиуми јавија дека е уапсен напаѓачот на ноќниот клуб во Истанбул за време на Новогодишната ноќ кога беа убиени 39, а 50 луѓе ранети.

Полицијата го уапсила во пресдградие на Истанбул во куќа на негов пријател од Киргистан.

Се работи за Узбекистанецот Абдулкадир Машарипов.

Одговорноста за терористичкиот напад во ноќниот клуб ја презеде Исламска држава.