Уапсен поранешниот претседател на УЕФА Мишел Платини

Мишел Платини денеска е уапсен во Париз од страна на Француската полиција поради сомневање  за сомнителното доделување на Мундијал во Катар.

Покрај Платини , уапсен е и Клод Гин, поранешен советник на поранешниот претседателот на Франција, Никола Сркози.

Платини е веќе испрашан во врска со малверзациите  околу доделуваањето на организацијата на Мундијалот во Катар . Легендарниот французин Платини, беше претседател на УЕФА од 2007 до 2015 година.