Уапсен премиерот на Федерација Босна и Херцеговина Фадил Новалиќ поради аферата ,,Респиратори“

Фадил Новалиќ, премиер на Федерација Босна и Херцеговина, е уапсен и се наоѓа на повеќечасовно сослушување во Државната агенција за истрага и заштита (СИПА), пишува Дневни аваз.

Покрај него, приведени се и суспендираниот директор на Федералната управа за цивилна заштита, Фахрудин Солак и сопственикот на компанија ,,Сребрена малина“, преку која беа увезени 100 кинески респиратори за кои државта плати 10 и пол милиони конвертибилни марки.

Целата зделка под чудни ооколности ѝ беше доделена на фирмата ,,Сребрена малина“, во сопственост на ТВ водителот Фикрет Хоџиќ, а директно ја добил од суспендираниот и уапсен директор на ФУЦЗ.

СИПА има цврсти докази дека тројцата се вмешани во незаконска зделка со која ѝ е нанесена штета на државата.

Иако докторите предупредуваа дека тие кинески респиратори се штетни и неупотребливи, тројцата осомничени ја реализирале зацртаната зделка и ги преплатиле неколкукратно поскапо од реалната цена.

Респираторите никогаш не беа отпакувани или употребени и се запленети од обвинителството како доказен материјал за целата афера.