Уапсен Сириецот кој подготвуваше напади во Германија

Бегалецот од Сирија којшто планираше да изврши напади во Германија, слични на оние во Брисел и Париз, е уапсен, соопшти германскиот министер за внатрешни работи, Томас де Мезијер.

“Според она што досега го знаеме, подготовките во Хемниц биле слични на подготовките за нападите во Париз лани и во Брисел во март оваа година, наведе Мезијер во сооштението.

Во исто време, шефот на истражната канцеларија во Саксонија, Јерг Михаелис, изјави дека 22-годишниот сириски мигрант Џабер Албакр, најверојатно бил инспириран од Исламска Држава и дека неговото однесување оди во прилог на таа теорија, пренесуваат агенциите.

Михаелис на конференцијата во Дрезден рекол дека Албакр е следен уште од минатиот месец.

Албакр стасал во Германија минатата година, како бегалец, и добил азил.

Полицијата навела дека други Сиријци помогнале во пронаоѓањето и апсењето на осомничениот.

Уапсен е во Лајпциг, после дводневна потрага.