Уапсен функционерот Д.С. вработен во кабинетот на министерот Оливер Спасовски

Висок функционер во Министерството за внатрешни работи е приведен попладнево под сомнение за злоупотреба на службена положба, дознава МИА од полициски извори.

По налог на Основното јавно обвинителство денеска од слобода е лишен  Д.С., вработен во кабинетот на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, под сомнение за сторено кривично дело по член 353 од Кривичниот законик „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Тој бил приведен попладнево во полициската станица Кисела Вода.