Убедлива победа на Екрем Имамоглу на повторените избори во Истанбул

Со 10 проценти разлика, на повторените избори за градоначалник на Истанбул победи опозицискиот кандидат, Екрем Имамоглу , кандидат на Републиканската народна партија.

Според привичните неофицијални резултати, за Имамоглу гласале околу 55 проценти гласачи или 4 милиони и 600 илјади жители на најголемиот турски град. Веднаш зад него е поранешниот премиер, Бинали Јилдирим со освоени 45 проценти од гласовите.

„Упатувам благодарност до нашиот народ, и до моите сограѓани во Истанбул. Пред очите на целиот свет, вие ја заштитивте деморкатската репутација на Турција. Вие како народ ја заштитивте вековната демократска традиција. Ви благодарам мои сограѓани од Истанбул.“ – изјави Екрем Имамоглу.

Kандидатот на владеачката партија за правдата и развојот веќе го призна поразот и му честиташе на Имамоглу.

„Моментално води мојот противкандидат, Екрем Имамоглу. Упатувам честитки до него, и му посакувам успех.“  изјави Бинали Јилдирим.

Врховниот суд ги поништи претходните избори на кои исто така победи Имамоглу, но тогаш само со околу 700 гласови разлика.

На денешните избори имаше висока излезност од речиси 84 проценти од гласачите.