Виктор Орбан, освои уште еден премиерски мандат во Унгарија, откако неговата партија ,,Фидес“, на вчершните избори освои две третини од гласовите, известуваат светските медиуми.

,,Добивме доверба и можност да ја одбраниме Унгарија“, -изјави Орбан по победата.

Според Ројтерс, партијата на актуелниот унгарски премиер, најверојатно ќе освои 134 од 199 пратенички места.

На второ место е ултра десничарската партија Јoбик, која освои 20 проценти од гласовите и веројатно ќе има 27 пратенички места.

Целосен крах доживееја социјалистите и партијата Дијалог, кои заедно освоија 12 отсто од гласовите.

Foto: Politiko.eu