Убиена и запалена пејачката на хитот ,,Ламбада”(видео)

Лоала Браз Вијеира е убиена во Бразил, а потоа нејзиното тело е запалено во автомобилот што го пронашла полицијата на еден непрометен и напуштен пат.

Според локалните медиуми, поранешната пејачка ѕвезда била киднапирана од хотелот каде престојувала. Неофицијално сторителите се веќе уапсени, но нема детали зошто е убиена и под какви околности се случило злосторството.

Вијеира е родена во Рио де Женеиро, а во моментот кога е убиена имаше 63 години. Кон крајот на дeведесетите години од минатиот век беше планетарно популарна со хитот Ламбада.