Убиениот полски возач колатерална жртва на безумието во Берлин

37 годишниот Лукаш Урбан е случајно избрана жртва од страна на планерите на терористичкиот чин на новогодишниот панаѓур во Берлин, кога беа прегазени 12 и повредени многу повеќе посетители.

Полскиот возач требало да остави товар челик во Берлин, но пред да се случи тоа тој бил пресретнат од се уште неидентификуваниот возач што ги покоси случајните минувачи на берлинските улици.

Возачот бил застрелан и потоа пронајден на совозачкото седиште, а возачот-терорист се уште не е пронајден.

Во компанијата која е сопственик на камионот, алармот се вклучил кога заблежале на ГПС кој е врската со возилото, дека некој што  седи на возачкото седиште  се однесува како да е возач-почетник.