Убиен водач на навивачите на Партизан

Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека околу 21 часот во Белград, во престрелка е убиено 29 годишно момче, а додека едно лице е рането.

Медиумите во Србија информираат дека во вооружениот инцидент е убиен Александар Станковиќ, водач на навивачите на Партизан.

Ранетиот е извесен М.Ѓ., чувар во белградскиот Централен затвор.

Неофицијално, од возило во движење од автоматско оружје било стрелано во два автомобила, на крстосницата на улиците „Бачванска“ и „Господар Вучиќ“, недалеку од капијата на Централниот затвор. Станковиќ бил во првото возило, „ауди“ со белградски регистерски таблички, а пак М.Ѓ. бил во второто.

За сега не е познато како затворскиот чувар се нашол на местото на пресметката.

sale-mutavi

Убиениот водач на навивачите на Партизан за првпат на стадионот ЈНА, на јужната трибина, се појавил пред пет години. Пред тоа извесно време бил во првите редови на лутиот ривал, Црвена Ѕвезда.

Се зборува дека тој и неколкумина навивачи од неколку белградски клубови во 2011 година ја искористиле кризата во редовите на популарните „гробари“, по апсењето на тогашните водачи заради убиство на француски навивач, и поделбата на повеќе групи, и брзо го превзеле водството на трибините.