Убиен еден од побегнатите лавови од зоолошката градина во Лајпциг

Лавовите Мајо и Мотшегетси, два млади мажјаци, побегнаа од своите кафези во текот на ноќта меѓу средата и четвртокот. Чуварите успеале да го вратат Мајо во кафезот, а Мотшегетси е погоден со средство за заспивање, соопштија челниците на паркот.

Директорот на зоолошката градина Георг Јундхол рекол дека обидот да се успие животното бил неуспешен и дека лавот морало да биде убиен, пренесе германската агенција ДПА.

„Безбедноста на луѓето во вакви ситуации е најважна“, изјавил Јундхол.

Во инцидентот никој не е повреден, а деталите за тоа како лавовите успеале да побегнат не се објавени.

Германското здружение за заштита на животните наведува дека зоолошката градина во Лајпциг има обврска да ги осигура кафезите, заради безбедност на животните и на посетителите.

Тие предупредуваат дека во текот на минатата година имало осум инциденти со лавови во зоолошките градини во Германија. Активистите, исто така, повикуваат на отворена дебата за тоа дали такви животни треба да се држат во заробеништво.

Лавовите се родени пред осум години во зоолошката во Базел, а во Лајпциг се од август годинава.