Убиецот на водачот на навивачката група ,,Делии“ остана без нозе во подметната експлозија

Душко Рогановиќ од Херцег Нови остана без двете нозе во експлозијата на неговиот автомобил во кој била подметната бомба.

Рогановиќ има богато криминално досие, а е осуден на 12 години затвор за убиството на водачот на навивачката група,, Делии“ Марко Весниќ од Белград. Убиството се случи во 2009 година во Игало. Подоцна казната му беше намалена на осум години.

Vladimir i Duško Roganović
Foto: Од судењето на браќата Владимир и Душко Рогановиќ